„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Се докажа дека се основани тврдењата за злоупотреба и бесправна сеча на шумочуварот во ЈУНП ,,Галичица”, вели ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
seca-drva-1

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид изминатиов период апелираше и известуваше по допрениот глас од загрижени граѓани дека вработениот во ЈУНП ,,Галичица” С. К. од с. Љубаништа на позиција шумочувар подолг период врши пустошење на шуми, злоупотребувајќи ја долги години службената позиција за остварување имотно правна корист велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

— реклама —

„Доказ за тоа е поднесената кривична пријава од страна на МВР против истото лице. Соова се докажа дека нашите тврдења се основани и дека МВР како и ОЈО треба да ја прошират истрагата бидејќи гореспоменатото лице има низа вакви злоупотреби. Исто така укажувавме дека раководството на СДСМ Охрид, помогнато со партиски моќници изврши огромни притисоци врз ЈУНП ,,Галичица” да го вработи синот нагореспоменатиот обвинет шумочувар, кој воедно е преседател на СДСМ во с. Љубаништа иако истиот не ги имаше исполнато условите пропишани на јавниот оглас, но мораше да се награди криминалот.

Дека ЈУНП ,,Галичица” е заробена институција и е под огромен партиски притисок на општинската СДСМ говорат соопштенијата кои ги потпишале скоро сите вработени без оглед на партиска и било каква припадност и ги проследиле до сите медиуми, до сите домашни релевантни институции, како и до сите меѓународни фактори и европски амбасади, притоа известувајќи за огромниот притисок и несовесно работење на поединци на штета на установата и вработените како и на сите жители и посетители во паркот.

— реклама —

Отттука ги повикуваме сите надлежни институции: МВР, Обвинителство, Финансиска Полиција, Антикорупциска најитно да извршат увид на овие нерегуларности согласно нивните законски надлежности и да го расчисти криминалот, а со цел да се ослободи и профункционира установата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања