Промени тема
Контакт

Се е подготвено за одржување на Илинденскиот пливачки маратон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Охрид
Ilinden_pl_maraton_01082022001

Илинденскиот пливачки маратон по 43ти пат ќе се одржи на 02 август. Маратонот ќе се одвива на патеката од Горица до Градското пристаниште во должина од 2,5 километри. Покровител на Илинденскиот пливачки маратон е Општина Охрид.

— реклама —

– Илинденскиот пливачки маратон е настан кој Локалната самоуправа го подржува долги години, а тоа ќе го правиме и во иднина. Покрај тоа даваме поддршка и на други манифестации кои се поврзани со пливањето. Се надевам дека во иднина оваа поддршка ќе се зголеми, особено откако ќе го добиеме покриениот базен. Сето тоа очекуваме да резултира со градење на спортски личности кои што понатака ќе постигнуваат врвни резултати во пливањето. Охрид како туристички град, како град кој што има езеро, треба да вложува во овој спорт, затоа што минатото ни покажува дека големи имиња излегоа во овој спорт и се надевам дека во наредниот период со соодветна инфраструктура и со соодветно вложува од страна на Локалната самоуправа и приватниот сектор ќе добиеме повторно големи имиња во пливањето и кои ќе постигнат врвни резултати, истакна градоначалникот Кирил Пецаков.

— реклама —
— реклама —

Почетокот на трката е закажан за во 10 часот во категоријата мажи и 10:30 часот во категоријата жени.

— реклама —

Катерина Стојаноска во име на организаторот на маратонот „Охридски бранови 2008“ истакна дека вкупно пријавени се 44, од кои 29 мажи и 15 жени. За регуларноста на трката ќе бидат ангажирани 10 судии, додека за безбедноста на пливачите и екипите ќе се грижи Црвен крст од Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања