Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Се’ е подготвено за спектакуларен почеток на 59-тото „Охридско лето“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
IMG_0317

Од денеска сите патишта водат кон Охрид. Со мега популарната британска виолинистка Ванеса Меј, вечерва на Античкиот театар ќе биде отворено 59-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Од фестивалската дирекција велат дека се’ е подготвено за уште едно издание кое ќе се памети долго по квалитетот на програмата и уметниците што ќе застанат на фестивалските сцени.

— реклама —

Концертот за свеченото отворање за кој се бара карта повеќе, ќе започне во 21 часот, а уметницата со светско реноме ќе приреди незаборавно музичко доживување за посетителите

— реклама —

на Античкиот театар, доближувајќи ја класичната музика до пошироката публика.

Ванеса Меј со својот тим пристигна во Охрид пред два дена, а одвои и време да ужива во убавините на градот.

— реклама —

Таа е родена во Сингапур на истиот ден со виртуозот на виолина Николо Паганини. На четиригодишна возраст се сели во Лондон и започнува да учи виолина за на 8 години да замине во Пекинг. Таму ги развива талентот и виртуозноста во класата на Лин Јао Џи. Во Лондон се враќа да ги продолжи студиите по виолина на Кралскиот колеџ за набргу во 1998.

— реклама —

година да дебитира на Фестивалот Шлезвиг-Холштајн со одличен прием кај светската музичка јавност, а на само 11 години дебитира со оркестарот „Филхармонија“ во Лондон по што веќе нема запирање за кариерата на Меј која од тој миг натаму е во постојан подем.

„Охридско лето“ е еден од најстарите и најпочитуваните фестивали во семејството на Европската Асоцијација на фестивали(ЕФА).Во текот на 40-те фестивалски денови, според најавите на директорката на фестивалот Наташа Поповиќ и селекторите на музичката и драмската програма, Васо Ристов и Александар Поповски ќе се слави врвната уметност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања