Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Се гонат 10 поранешни директори - овозможиле вевчанец незаконски да земе 730 илјади евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
zgrada-stan

Кривична пријава е поднесена за злоупотреба на службена положба и овластување против поранешни раководни лица од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

— реклама —

Се гонат дури десетина лица.

— реклама —

Во тој период за кога беше поднесена кривичната пријава прв човек на јавното станбено беше Цветко Грозданов.

— реклама —

„На 05.05.2023 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поднесе кривична пријава против десет лица и тоа Ц.Г. (57), поранешен генерален директор во Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор, С. В. (63), С.С. (66), Ц.И. (70), Л.М. (51), А.Ќ.И. (53), З.Н. (57), А.Т. (40) и Е. С. (43), сите со место на живеење во Скопје, вработени во Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор, како и лицето А.К. (39), со место на живеење во Кичево, исто така вработен во акционерско друштво, поради постоење на основано сомнение за сторенo кривичнo делo „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 од КЗ“, соопшти МВР.

Пријавените, во својство на службени лица (претседатели и членови на комисија за спроведување на јавни набавки) во периодот од 2012 година до 2016 година искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапиле спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки и на тој начин овозможиле правен субјект од Вевчани да се стекне со противправна имотна корист во износ од 44.606.548 денари (или 725 илјади евра н.з.).

„Имено, пријавените, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност постапиле спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки и покрај тоа што знаеле дека понудата на економскиот оператор од Вевчани за најголемиот дел од услугите кои се барале во спецификација содржела невообичаени ниски цени, од истиот не побарале писмено објаснување за понудените цени, предвидено во чл.163 од Законот за јавни набавки и спровеле постапка за јавна набавка за изведба на градежни, градежно занатски, инсталатерски и други работи за тековно и инвестиционо одржување на станбениот и деловниот простор и други објекти со кои стопанисува акционерското друштво и изготвиле извештај во кој е даден предлог за најповолна понуда да се одбере понудата на правниот субјект од Вевчани, потоа било постапено и спротивно одредбите на Законот за јавни набавки, чл.169 и наместо да се увиди дека постапката не е спроведена согласно Законот за јавни набавки, донесена е Одлука за избор на најповолен понудувач и во име на АДИССПДП со правното лице од Вевчани е склучен „договор за тековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува акционерското друштво и обврски во гарантен рок со предмет на Договорот изведување на градежни, градежно-занатски работи за тековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува акционерското друштво за Регион 1, Регион 2 и Регион 3.

Притоа на горенаведениот начин во текот на 2012 година С.В. во својство на претседател на Комисија за спроведување на јавна набавка, С.С. и Ц.И., членови на Комисија за спроведување на јавна набавка, Л.М., претставник од Одделението за јавни набавки Комисија за спроведување на јавна набавка, како и Ц.Г. во својство на генерален директор на АДИССПДП, овозможиле на правниот субјект од Вевчани да се стекне со противправна имотна корист во износ од 16.992.519 денари.

Потоа во текот на 2014 година на истиот начин од страна на А.Ќ.И., во својство на претседател на Комисија за спроведување на јавна набавка, З.Н. и А.Т., во својство на членови на Комисија за спроведување на јавна набавка и Е.С., претставник од Одделението за јавни набавки, како и Ц.Г. во својство на генерален директор на АДИССПДП овозможено е на правниот субјект од Вевчани да се стекне со противправна имотна корист во износ од 24.001.526,00 денари.

Исто така, во текот на 2016 година од страна на А.Ќ.И., во својство на претседател на Комисија за спроведување на јавна набавка, А.Т. и А.К., членови на комисијата, Е.С., претставник од Одделението за јавни набавки, како и Ц.Г. во својство на генерален директор на АДИССПДП овозможено е на правниот субјект од Вевчани да се стекне со противправна имотна корист во износ од 3.612.503 денари.

Постапувајки спротивно на своите службени овластувања, пријавените го сториле кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 ст.5 од КЗ“, потенцираат од полицијата во своето соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања