Промени тема
Контакт

Се градат патишта ширум државата, уверува пратеникот Костовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

„Во време на најголема економска и енергетска криза по Втората светска војна, Владата на СДСМ со навремени мерки вредни 400 милиони евра успешно го амортизираше ценоvниот шок. Освен антикризните мерки во тек се и мерки за штедење и рационализација на трошоците. Она што е исклучително важно е продолжувањето на инвестициите. Владата предводена од СДСМ во целиот досегашен период е особено фокусирана на инвестиции во инфраструктурата“, вели Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Тој додава:

„Капиталните инвестиции во инфраструктурата помагаат да се одржи економската стабилност, да се обезбеди повисока продуктивност и вработувања, но и да се намалат производните и транспортните трошоци за компаниите и граѓаните.

Од 2017 година па досега, изградени или реконструирани се над 1.000 километри патишта во вкупна вредност од над една милијарда евра.

Во периодов се инвестираат 135 милиони евра во изградба на експресни патишта низ целата држава.

Во тек е изградбата на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка, со должина од 25 километри и вкупна вредност од 62,5 милиони евра. Веќе над 75% од оваа патна делница е завршена.

— реклама —

Започната е обнова и на магистралниот пат Куманово - Страцин, вредна 12 милиони евrа и втората делница, која е веќе во завршна фаза и се очекува во скоро време да заврши.

Се гради и експресниот пат Градско – Прилеп тука има напредок на делницата до Дреново.

За тоа колку крупен инвестициски зафат станува збор говори податокот дека на овој правец се градат 21 мост, 5 подвозници, 11 потпорни ѕидови, еден кружен тек на локалниот пат со клучка кај Дреново и еден вијадукт.

Се гради низ целата држава, се инвестира во унапредување на патната инфраструктура која е важна за подобро поврзување и побезбеден сообраќај.

— реклама —

Во тек е втората фаза од изградбата на делницата Крупиште – Кочани, дел од експресниот пат Штип – Кочани а продолжуваат и активностите на автопатот кон Охрид.

Веќе е завршена е изградбата на експресниот пат Штип – Крупиште, како и патот од Штип до Радовиш, целосно е реконструирана делницата Пробиштип – Крупиште и Кочани – Пониква.

Планирани и во реализација се реконструкции на делници ширум државата, како патот Битола-Демир Хисар, Крушево-Демир Хисар, Другово-Демир Хисар, Кривогаштани–Крушево и Велес – Градско.

— реклама —

И во време на глобална економска криза реализираме капитални проекти во интерес на граѓаните и севкупниот напредок на државата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања