Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Се гради казино кај гробиштата во Блаце, гробишта не се место за коцкање, вели ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
ahmeti-bujar

ДУИ реагира по информациите за градежни активности во близина на гробиштата во Блаце, поставувајќи сериозни прашања за намената на објектот и одлуките на Владата поврзани со индустријата на игри на среќа.

— реклама —

На прес-конференција, Имране Велиу од ДУИ изјави дека „јавноста е вознемирена од градежните работи на парцела која, според официјални податоци, се води како сопственост на компанијата 'Фламинго Казино'“. Таа посочи дека доколку се потврди дека станува збор за објект поврзан со игри на среќа, тоа ќе претставува „една од најнеодговорните и најнавредливи одлуки“ кон граѓаните.

— реклама —

„Гробиштата не се место за казино. Тоа се места на достоинство, мир и почит. Секој обид во нивна близина да се постави индустрија на игри на среќа е тежок провокативен чин кон семејствата и кон секоја човечка норма“, изјави Велиу.

Од ДУИ побараа итно да се објави вистинската намена на објектот и целокупната документација, да се запрат градежните активности до целосно разјаснување на случајот, како и да се испита како е дозволена ваква дејност во близина на гробишта.

— реклама —

Дополнително, Велиу го отвори и прашањето за повлекувањето на законот со кој требаше да се отстранат игрите на среќа од близина на училишта и чувствителни зони, оценувајќи дека последните случувања во Блаце ја прават таа одлука уште поконтроверзна.

— реклама —

„Граѓаните имаат право да знаат зошто Владата го повлече тој закон и кој стои зад ваквите одлуки“, порача Велиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 6 дена

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања