Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Се гради мега парк во Ново Село од 30.000 метри квадратни, вели Мисајлески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
slavce21062022

На денешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, изгласаа одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Ѓорче Петров и Град Скопје, вели Славче Мисајлески, советник во Советот на општина Ѓорче Петров

— реклама —

„Со одлуката се предвидува партерно уредување и озеленување помеѓу реката Лепенец и прочистителната станица во општина Ѓорче Петров, односно изградба на мега парк кој што ќе биде за сите жители на општина Ѓорче Петров.

Ова е значаен чекор за нашата општина бидејќи просторот од 30.000 метри квадратни кој што беше до скоро дива депонија, сега станува парк, со многу модерни содржи за спорт и рекреација.

— реклама —

Со ова скопјани ќе добијат ново место за рекреација. Вредноста на оваа меѓуопштинска соработка изнесува 68.5 милиони денари, при што Град Скопје учествува со 67 милиони денари, а нашата општина со 1,5 милион денари.

Продолжуваме да го реализираме она што го ветивме пред граѓаните во предизборието. Во завршна фаза е уредувањето на локалитетот Крст во Кучково при што ѓорчевци и скопјани за многу брзо ќе можат да уживаат во новите содржини.

Покрај тоа, во тек е и градежна офанзива со која се врши асфалтирање на над 20 улици во општина Ѓорче Петров, со што жителите ќе добијат соодветни услови за живот.

Сето ова го реализираме во првите 8 месеци од нашиот мандат. Во текот на летото продолжуваме со започнување на реализација и на останатите ветени проекти“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања