Жителите од Општина Чаир наскоро ќе добијат нови места за паркирање. Имено, како што информираат од оваа скопска општина, новиот паркинг простор се наоѓа во населбата Топанско Поле и се простира на површина од 1.200 м2.
– Работните екипи на општина Чаир, создаваат нов паркинг простор со површина од 1.200 м2 лоциран во населбата Топанско Поле, односно на улицата Митатх Фрашери (поранешна Македонскo-косовска бригада). Овој нов паркинг простор значително ќе влијае на зголемувањето на бројот на паркинг места во нашата општина. А ние нема да застануваме тука, продолжуваме со уште поважни проекти за Чаир и чаирчани – стои во објавата на Општина Чаир.