Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Се гради нова спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
pecakov

Градоначалникот Кирил Пецаков и претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска официјално го означија почетокот на изградбата на новата спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец.

— реклама —

Според градоначалникот Пецаков со оваа инвестиција значително ќе се подобрат условите за спортување во ова населено место.

— реклама —

Ова е проект кој е ветуван триесетина години и конечно излезе на виделина. Со неговата реализација ќе добиеме модерен спортски комплекс, затоа што на ова ќе се надоградат уште неколку инвестиции, меѓутоа започнуваме со спортската сала, каде што не само учениците и жителите ќе можат да уживаат и да се рекреираат, изјави градоначалникот Пецаков.

Премиерот Мицкоски изрази големо задоволство од реализацијата на овој проект и упати благодарност до градоначалникот и сите оние кои се вклучени во неговата реализација.

— реклама —

Чест и задоволство е да се направи нешто ново и да се започне нешто ново посебно кога знаете дека тоа кое што го почнувате ќе значи подобри услови за работа, подобри услови за растење на тие дечиња кои што во ова основно училиште, овде го поминуваат оној прв образовен дел од својот живот. Заедно со градоначалникот, заедно со општината, заедно со надлежните во Владата, заедно со пратениците од овој регион и заедно со охриѓани го започнуваме овој проект, кој што многу значи. Јас сум навистина горд и среќен што сум дел од овој почеток, истакна премиерот Мицкоски.

— реклама —

Современиот спортски објект во селото Лескоец ќе се протега на 592 м2 и вклучува повеќенаменско спортско игралиште, тоалети и соблекувални. Димензиите на игралиштето ќе бидат 37х16 метри, што во целост ги задоволува потребите на учениците од училиштето. Вредноста на оваа инвестиција е околу 30 милиони денари, од кои 20 милиони се обезбедени од државниот буџет, а 10 милиони денари од буџетот на Општина Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања