Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Се грижиме за најмладите, досега изградивме 72 градинки, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
KING9728

Владата предводена од СДСМ се грижи за најмладите, во континуитет инвестира во детската заштита, како еден од клучните столбови на детскиот развој, вели СДСМ

„За пет години, од 2017 година, досега, изградени се 72 градинки низ целата држава, со опфат од околу 5.500 деца.

— реклама —

Дел од нив се наоѓаат во рурални или во општини каде досега воопшто немало детски градинки.

— реклама —

Во минатата 2022 година, изградени или доградени се 10 градинки во општините Струмица, Гостивар, Берово, Демир Капија, Крива Паланка, Валандово, Сопиште, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода.

Со тоа, само за една година, капацитетите на градинките се згоелемени за над 1.000 деца од целата држава.

— реклама —

За оваа година планирана е изградба, доградба или адаптација на дополнителни над 20 градинки во државата.

— реклама —

Владата предводена од СДСМ инвестира и во човечкиот потенцијал, за пет години, платите на вработените во детската заштита се зголемени за 36 отсто.

СДСМ постојано докажува што значи вистинска грижа за најмладите“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања