Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Се грижиме за стандардот на граѓаните, намалени цени за уште 11 прехранбени производи, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
ZELENCUK-MARKET

СДСМ со конкретни мерки продолжува со грижата за граѓаните и нивниот животен стандард, вели СДСМ

„Владата, предводена од СДСМ со последната одлука, ја прошири листата на производи со замрзнати цени, со 11 дополнителни производи.

— реклама —

Утврдена е максимална цена од 70 денари за килограм свеж домат, 75 денари за килограм свежа краставица, 90 денари за килограм зелени пиперки, 75 денари за килограм грав, 55 денари за килограм лимони и портокали и 70 денари највисока цена за килограм банани.

Се намалуваат и цените на леќата, кромидот, карфиолот и на мандарините.

— реклама —

Со оваа одлука одредени земјоделски производи, како пиперката, гравот и доматот, ќе поевтинат и за повеќе од двојно во споредба со најзастапената цена во малопродажба на 21 март оваа година.

— реклама —

Претходно цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама беше замрзната на 33 денари.

Млекото и млечните производи се поевтини за 10 отсто, а пониски цени имаат и тестенините, јајцата, оризот и хигиенските производи.

— реклама —

Овие мерки се во насока на заштита на стандардот на граѓаните, како и за забавување на растот на инфлацијата во државата.

Со СДСМ никој не е оставен сам да се справува со последиците од кризата, но и не дозволуваме некој да профитира врз грбот на граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања