Сè им е фејк, па дури и оставките, дециден е Апасиев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
apasiev-filipce-5

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, одново со критики за актуелната власт. Откако претходно преку собраниската говорница рече дека оставката е право на неотповиклива волја, а не чин на оценува, сега одново ги искоментира на социјалните мрежи.

— реклама —

„Сè им е фејк, па дури и оставките“, напиша Апасиев за оставките на министрите Венко Филипче и Илир Хасани, како и директорите на тетовската болница.

Тој и претходно се произнесе за понудените повлекувања.

— реклама —

„Имено, „оставка“ и „разрешување“ не се исти институти! Во случајов со Филипче, тој е подносител на оставката и таа е неотповиклива. Според Деловникот, примач на оставката е спикерот на Собранието на Република Македонија, а премиерот е само гласник, или курир, кој пренесува дека член на Влада дава оставка. Во случајов кога премиерот не ја доставил до спикерот, Џафери е должен тоа да го праша - каде е оставката на Филипче, која Заев си ја чува во фиока, за да си го работи својот пи-ар. Спикерот, исто така е должен веднаш да ја достави оставката на член на Влада до пратениците - што во случајов не е направено. Истата таа оставка се констатира од страна на пратениците без расправа, бидејќи тоа е морален чин - еднострана изјава на волја, која е неотповиклива“, рече претходно Апасиев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања