„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Се иницира нов закон за решавање на правниот статус на дивоградбите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

На денешната редовна 166-та седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информација за потребата од донесување на нов Закон за утврдување на правен статус на бесправни објекти, и го задолжи Министерството за транспорт и врски да достави Предлог на Закон за утврдување на правен статус на бесправни објекти до Владата на Република Северна Македонија, во рок од 15 дена од денот на усвојувањето на оваа информација.

— реклама —

Се задолжува Министерството за транспорт и врски во Предлогот на Закон за утврдување на правен статус на бесправни објекти, како предмет на законот да ги опфати бесправните објекти кои ќе претставуваат градежна и функционална целина заклучно до 1 октомври 2019 година, како и бесправните објекти од јавен интерес утврден со закон чии иматели се државни органи или единици на локална самоуправа или правни субјекти основани од Република Северна Македонија односно од единиците на локална самоуправа, кои ќе претставуваат градежна целина, а не и функционална целина до денот на влегување во сила на законот.

Од предлог законот треба да бидат иземени сите видови на бесправни објекти изградени во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во Списокот на светското природно и културно наследство на Конвенцијата на УНЕСКО, утврдени со Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион.

— реклама —

Во Предлогот на Закон за утврдување на правен статус на бесправни објекти треба да се утврди висината на надоместок за уредување на градежно земјиште, решение со кое од плаќање на надоместокотќе бидат ослободени барателите кои се корисници на парична помош од социјална заштита, други јавни субјекти, како и верските објекти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања