Објавувањето на т.н. половичен полициски час, повторно го отвара прашањето, дали СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и во случајов, ИВЗ, направија разумен компромис за карантинскиот викенд?! Иако Комисијата за заразни болести предложи четиридневен, односно 58 часовен полициски час, Владата донесе одлука да прогласи од недела во 19 часот до вторник изутрината во 05 часот. Што претходеше?!
ИВЗ покажа заби
Исламската верска заедница денеска вчера соопшти дека нема да се одржи традиционалната манифестација за празникот Рамазам Бајрам. Откажана е од страна на Ријасетот заради актуелната состојба со корона вирусот. Главната препорака се однесува на однесувањето на верниците во џамиите, па од ИВЗ велат молитви да се практикуваат најмногу во дворовите на џамиите. Истовремено, пренесува Фактор, препорачуваат задолжителна дезинфекција при влез во џамиите, а верниците со себе да си понесат седеџе.
Чулев им даде ветер во грб
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев истакна дека утрово имало седница на главниот Координативен кризен штаб каде што биле дискутирани предлозите на Комисијата за заразни болести, а во текот на денот се очекувала седница на влада на која што треба да се донесе конечна одлука во однос на мерките за продолжениот викенд.
„Мојот став е дека секое продолжување на ограничување на движењето на луѓето, вклучително и овој пат кога е во траење од 58 часа не е добро од причина што граѓаните се под интензивен притисок бидејќи овие мерки траат повеќе од два и пол месеци и секое продолжување на движењето не е добро за нивното психофизичко и ментално здравје“, изјави министерот Чулев во вклучување во дневникот на телевизија Сител.
Кој се сака, тој се кара
Поглаварот на ИВЗ, реисот Сулејман Реџепи, на својот официјален фејсбук профил објави дека врз свештени лица од ИВЗ бил вршен притисок од полиција за да нема молитви во џамиите за претстојниот муслимански празник.
„Денес, Претседателството е преплавено со извештаи од нашите муфтии и имами дека полицијата ги повикува нашите имами и влијае врз нив да не се молат за молитвата, а во други случаи, полицијата влезе низ нашите џамии со цел да изврши притисок. Имаме писмени изјави на имамите и на верските работници. Ова се забележува низ целата земја, но особено во Скопје и околината“, објави реисот Реџепи.
Ѝ Чулев им врати
Јас како Министер за внатрешни работи нема да дозволам полициските службеници да вршат притисок и да влијаат на работата на верските објекти и заедници. Наша обврска е да го заштитиме здравјето на граѓаните и во таа насока полициските службеници преземаат соодветни превентивни мерки и активности. Министерството за внатрешни работи, категорично ги отфрла како паушални и неточни изесените тврдења во денешната реакција на Исламската верска заедница околу наводен полициски притисок врз претставниците на оваа верска заедница, а по повод чествувањето на престојниот верски празник Фитр Бајрам.
Граѓаните се погласни во коментарите на социјалните мрежи дека одлуката е донесена врз база на пазар и ценкање.
Инаку, сите политички чинители во државата се повикуваат на тоа дека треба да се почитуваат одлуките на Комисијата за заразни болести, но, никој не кажа врз основа на што е решено да се постапи спротивно на неа. Со одлуката за полицискиот час за викендов, се калкулираше неколку денови.