Се испитува дали жената која дошла да се породи а не кажала дека свекорот има корона, дали воопшто е докторка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
gak

Во врска со случајот со пациентката која пред породувањето била високиризична за присуство на коронавирусот, а дала лажни податоци во епидемиолошката анкета извршена во ЈЗУ УГАК и ПЗУ Ремедика, Лекарската комора на РСМ на барање на ДСЗИ изврши проверка во Регистарот на лекари од причина што во моментот на престојот во двете здравствени установи пациентката се претставувала дека е лекар.

— реклама —

Лекарската комора утврди дека пациентката не е впишана во Регистарот на лекари во РСМ и не поседува лиценца за работа, ниту пак била во постапка за стекнување со истата, односно во постапка за полагање на државен испит.

Лекарската комора нема информации дали пациентката поседува диплома и се стекнала со звање доктор на медицина на некои од високообразовните институции во земјава или странство.

— реклама —

Лекарската комора остро го осудува ваквото неодговорно однесување со кое пациентката ги загрозила здравствените работници, родилките и новороденчињата во двете здравствени установи, а однесувањето уште повеќе е неприфатливо доколку навистина се работи за медицинско лице, поради што апелираме до надлежните органи да продолжат со истрагата до целосно расчистување на случајот.

https://www.facebook.com/lkm.org.mk/posts/296263315101612

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања