„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Се изгласа поништување на Регулацискиот план за Влае 2

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
362224830_263544133093366_796624402817230_n

Со најтесен број на гласови успешно беше изгласано поништување на Регулацискиот план за Влае 2! Ова значи дека сите претходни активности на основа на овој регулациски план се враќаат на почетна точка и треба да се прават на основа на постоечкиот ГУП. (повеќе за ова во друг пост) Ова е огромна победа за граѓанските иницијативи бидејќи иницијативата Борба за Влае директно соработуваше со советниците на Советот на Град Скопје за повлекување на урбанистички документ од својата населба. Преку средби со советнички групи се направи мнозинство во Советот, велат од иницијативата Борба за Влае.

— реклама —

„Но за жал тоа мнозинство беше навистина тесно.

Точката ја поддржаа точно 23 од потребните минимум 23 советници.

— реклама —

Им благодариме на советничките групи на Зелен Хуман Град (2 гласа), ВМРО-ДПМНЕ (16), Левица (4), Алијанса на Албанците (1), ДОМ (1) и ЛДП (1) што го поддржаа нашето барање. Ова се вкупно 25. Броеа нашите членови кои присуствуваа во салата и од камерите + Претседателот на советот (кој не е во кадар на камерата) + во директна комуникација со 3те советници кои гласаат преку веб учество на Совет.

Немаше гласови против, само воздржани 6 гласови од советничката група на СДСМ, За модерно Скопје (Гром + ексчленка на ВМРО-ДПМНЕ) и една членка од АА.

Жалиме да кажеме дека на почетокот на Советот советничката група на СДСМ проба да направи промени во дневниот ред со измена на точката за поништување на Регулацискиот план, кои не беа мнозински поддржани од останатите советници, а при гласањето кога нивните гласови беа круцијални гласаа воздржано.

Веруваме, можеби наивно, дека станува збор за недоразбирање, дека имаме поинакво толкување на законите за кои можеби ќе можевме да се разбереме пред седницата, а не дека постапија малициозно.

Сепак искрено веруваме дека и самите тие се против ДУПови кои бетонираат населби и Регулациски планови кои овозможуваат заради нови висококатници да се променува траса на улица, да се одземе од школски двор и општо да се загрози безбедноста на учениците и жителите.

На крајот на денот веруваме дека има можност да се направи мнозинство во Град Скопје создадено од различни советнички групи кои ќе се обединат против штетни ДУПови кои се носат сега или се донесени во мандатите на минатите градоначалници.

Тоа успеа да се создаде во Општина Карпош. Може да успее во сите општини, па и во Град Скопје.

Честито влаевчани.

Оваа победа е извојувана!

Но како што стои хаштагот - #БорбатаПродолжува

#БорбаЗаВлае“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања