Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Се изморив, оваа работа не се почитува кај нас“ – Весна Бејби стави клуч на актерската школа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
vasna-bejbi

Актерката Весна Бејби Петрушевска соопшти дека ја затвора својата актерска школа по три децении работа, оценувајќи дека станува збор за една од најтешките одлуки во нејзиниот живот.

„Овие денови ја донесов една од најтешките одлуки во мојот живот – да ја затворам актерската школа после 30 години. Израснав генерации, снимавме серии, емисии, кратки и играни филмови, претстави“, напиша Петрушевска.

— реклама —

Таа посочи дека школата зад себе остава значајни резултати, а како последен успех го издвои фактот што од 2000 деца, две од нејзините ученички ќе бидат дел од нови проекти.

Петрушевска истакна дека одлуката ја донела поради замор и желба да се посвети на нови професионални предизвици.

— реклама —

„Искрено се изморив и почувствував дека треба да се посветам на режија, на големи проекти надвор од Македонија, на љубов и насмевки, на мојата Мина“, наведе таа.

Во објавата, актерката упати и критика за условите во домашната сцена, оценувајќи дека работата не се цени доволно и дека младите актери имаат ограничени можности.

„Дали оваа работа се почитува кај нас? Големо не. Дали младите глумци имаат иднина? Исклучително тешко“, истакна Петрушевска.

Таа додаде дека својот придонес кон театарот, телевизијата и филмот го дала во целост и дека сега е време да се посвети на сопствениот живот и нови проекти.

„Јас мојот долг кон Македонија одамна го реализирав. Време е за мојот живот и за почеток на големи приказни“, порача Петрушевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања