Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Се контролираат влезовите и во Прилеп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
krizen-stab

Од денеска до понеделник, сообраќајната полиција од Прилеп ќе ги контролира влезовите и протокот на патници во градот од општините Кривогаштани, Долнени, особено од општината Пласница како превенција од зараза со коронавирусот. Ова е еден од главните заклучоци по синоќешниот превентивен состанок на Регионалниот кризен штаб што се одржа во Прилеп на барање на раководителот на Центарот за управување со кризи од Прилеп, а на препорака на Републичкиот центар за да се има увид на состојбите пред понеделничниот состанок на Советот за безбедност што го свика претседателот на државава Стево Пендаровски, објави makpress.mk.

На состанокот присуствуваа раководителите и директорите на јавните здравствени установи, од противпожарната единица, од полицијата и граничната полиција. Иако поканети, не присуствуваа градоначалниците на Кривогаштани и на Долнени.

— реклама —

По информацијата од Центарот за јавно здравје дека во општина Пласница, која е под ингеренции на прилепскиот Центар, имало дојдени жители од високоризичните земји, упатен е апел да бидат во самоизолација и да се јават во Центарот.

Како превентивна мерка на состанокот беше донесен заклучок овие три дена, особено што сабота е пазарен и фреквентен ден, да се контролира превентивно влезот во градот, објаснува прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

— реклама —

Текстот во целост на: makpress.mk.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања