Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Се менува евровизискиот спот - се бришат кадрите со уметничката слика која потсетува на бугарското знаме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
evrovizija-spot-bugarsko-zname

Спотот на нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев за песната „Here I stand“ ќе биде заменет со друг, откако во еден од кадрите се појави уметничко дело кое гледано вертикално наликува на бугарското знаме.

— реклама —

Васил Гарванлиев годинешниот евровизискиот претставник  објави дека од евровизискиот спот на песната „Here I stand“ ќе се избришат кадрите со уметничката слика во која поради боите, некои го препознаа бугарското знаме.

Според него, измената на евровизискиот спот е за да нема погрешен приказ на уметничкото дело, а ќе следи по многуте негативни коментари кои беа објавени изминативе денови.

— реклама —

„Иако со евровизискиот спот имав желба да прикажам ништо друго, освен музика и уметност, навистина ми е жал поради погрешната интерпретација на делото на нашата позната уметница Жанета Вангели. Никој инволвиран во реализација на видео записот ниту пак претставници од наведената институција намерно не интервенирал во уметничката постановка на Националната галерија Даут Пашин Амам, за што и од самата галерија се изјаснија дека делото на ваков начин е изложено повеќе години“, вели Гарванлиев.

„За да нема дополнителни негативни импликации и погрешен приказ на ова уметничко дело, одлучив да ги отстраниме кадрите кои се однесуваат на него. Благодарам на огромната поддршка која ми ја упатувате овие денови и верувате во мојата искрена намера. Јас повеќе од 20 години пеам и ја претставувам Македонија и македонското знаме така и ќе остане“, напиша Гарванлиев.

Менувањето на евровизискиот спот доаѓа откако јавноста реагираше на кадарот од видеото каде меѓу останатите дела, се гледаше и уметничката слика „Омаж на Андреј Рубљов“ од авторката Жанета Вангели.

Таа е поставена во Даут пашиниот амам во Скопје, каде е сниман и дел од спотот. Делото на Вангели е изработено во триптих техника, додека редоследот на боите е бела, црвена и зелена.

Во евровизискиот спот се гледа дека е направена промена на редоследот на боите со бела, зелена и црвена боја, што наликуваат на бугарското знаме, поставено во вертикална положба.

извор: МАКФАКС

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања