„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Се менува законот за абортус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Ministerstvo-za-zdravstvo-tabla

Министерството за здравство го почна процесот за промена на Законот за прекинување на бременоста.

— реклама —

„По повеќе месечните консулатиции со претставници на граѓанските организации, целосно инклузивно и отворено ги прифативме забелешките на сите засегнати страни, како и препораките на меѓународните организации и Светската здравствена организација.

Волјата на жената ќе биде на прво место. Се измените на Законот се укинува задолжителното советување и чекање од 3 дена, како и задолжително формирање на Комисија до 22-рата гестациска недела од бременоста.

— реклама —

На Единствениот Национален Електронски Регистар на Прописи на Република Македонија (ЕНЕР) е поставено известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог-закон за прекинување на бременоста“, велат од Министерството за здравство.

Практиката на примена на важечкиот Закон за прекинување на бременоста покажа проблеми со постојните административни процедури/бариери со што се ограничува пристапот до и спроведување на постапката за безбеден абортус и остварување на правото на жените за спроведување на безбеден абортус.

Дополнително, Комитетот за човекови права и Комитетот за културни и социјални права на ООН имаат изразено загриженост во однос на „условите воведени со Законот за прекинување на бременоста од 2013 година со кои може кумулативно да се ограничи пристапот до легален абортус“.

Со промената на Законот ќе се укинат постојните административни процедури/бариери за спроведување на постапката за безбеден абортус. На жената ќе и се даваат комплетни, објективни и точни информации во врска со начинот на изведување на интервенцијата. Одлуката за прекин на бременост ќе може да ја донесе пациентката свесно, без принуда од било кого, како и да и` се даде поддршка на пациентката, без било какво искажување на осуда или обвинување од страна на здравствените работници.  Дополнително ќе се намалат глобите поврзани со прекршоците.

Со оваа законска промена ќе се оствари правото на жената на безбеден абортус!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања