Промени тема
Контакт

Се мијат улиците, булеварите и просторот околу контејнерите во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
media-library723urhnqge1f2Uj7BaD

Екипите на ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ продолжуваат со редовно одржување на хигиената на јавните површини во сите скопски општини, со посебен акцент на просторот околу садовите за комунален отпад.

Микролокациите на кои се поставени контејнерите секојдневно се мијат рачно, најчесто во доцните вечерни часови, откако ќе заврши празнењето на садовите. На овој начин, како што информираат од претпријатието, се одржува чистотата на просторот околу контејнерите.

— реклама —

Покрај овие активности, продолжува и машинското миење на скопските булевари и улици. За одржување на хигиената се користат автоцистерни, со што редовно се опфаќаат повеќе јавни сообраќајници низ градот.

— реклама —

Во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица, екипите на ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ го измиле и просторот пред црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, во централното градско подрачје.

— реклама —

Бил исчистен и измиен просторот во непосредната околина, како и дворот на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во кањонот Матка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarym0sfe5hj9a43bL7LvbX

Над 15.700 тони комунален отпад подигнати во јули во Скопје

Скопје | пред 3 седмици

media-librarym66ijppa115a3yQMJ4j

ЈП Комунална Хигиена - Скопје и годинава ќе постави садови за одлагање на органскиот отпад во пресрет на Курбан Бајрам

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryo4vl72g5p1j667nNhCp

Комунална хигиена интервенираше: 32 записника за непрописно одлагање отпад во Скопје

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања