Му се множат кривичните пријави на директорот на струшката болница и гинеколог, доктор Мухамед Асани. Прва е онаа од родилка од Дебар, која се породила во струшката болница но од операцијата излегла без јајник, матка и бубрег. Откако овој случај го доби вниманието на јавноста, се јавуваат и други граѓани во нашата редакција кои што исто така кривично го гонат гинекологот Асани, за наводна лекарска грешка, објави slobodenpecat.mk.
Овојпат, инволвирано е двегодишно бебе, кое е родено со предизвикана асфиксија, односно церебрална парализа, а семејството го обвинува директорот на струшката болница и гинеколог што го извршил породувањето доктор Мухамед Асани за лекарска грешка.
Таткото Бајрам Несимоски од Дебар најмил адвокат кој кривично ќе ја гони болницата и раководителот. Се почнало на 26 декември 2018 година кога на сопругата на Бајрам, Сенида, и дошло времето да се породи. Дотогаш бременоста ја следел матичен гинеколог во Дебар, кој ниту еднаш не констатирал проблеми, туку утврдувал дека бременоста е регуларна.
Но, еден ден им кажал на мајката и на таткото, дека околу вратот на бебето има обмотана папочна врвка и дека пораѓањето ќе ги упати да го извршат во болницата во Струга.
Текстот во целост на: slobodenpecat.mk.