Промени тема
Контакт

Се обезбедуваат подобри услови за работа на полицијата, над 1000 припадници на МВР за јануари ќе добијат надомест за домашно дежурство, соопшти СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
06

„СДСМ обезбедува подобри услови за работа на полицијата, над 1000 припадници на МВР за јануари ќе добијат надомест за домашно дежурство“, велат од партијата.

Оттаму додаваат:

„СДСМ како одговорна партија продолжува со создавање на подобри услови за работа на полицијата и подобри услуги за граѓаните.

— реклама —

Новиот Колективен договор постигнат со дијалог меѓу Министерството за внатрешни работи и репрезентативниот Македонски полициски синдикат обезбедува квалитативно надградување на сите социјални и професионални, нормативни и други стандарди, неопходни за подобрување на условите на работа на вработените.

Како што е договорено, за прв пат над 1000 припадници на МВР за месец јануари ќе земат надомест за домашно дежурство.

— реклама —

На вкупно 1008 припадници на МВР со платата за февруари ќе им биде исплатен надоместот за домашно дежурство, во вкупна вредност од 1.400.000 денари.

— реклама —

Во изминатиот период континуирано растат платите, се исплаќаат бонуси за прекувремена работа, реконструирани се педесетина објекти на МВР низ целата државата, набавени се нови возила, опрема, униформи.

СДСМ обезбедува подобри услови за работа на полицијата, затоа што само задоволна, мотивирана полиција може да биде ефикасен сервис на граѓаните и чувар на законите“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања