Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода 36-годишниот Ш.Б. од Куманово, поради сомнение дека се обидел со остар предмет да го нападне својот брат.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, лицето било приведено околу 11 часот во Куманово.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.