Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Се очекува драма во Собранието: Дали амнестијата ќе ја урне коалицијата СДСМ-Алијанса за Албанците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Законот за амнестија денеска е на дневен ред на собраниската седница и за него се најавува жестока расправа. ВМРО-ДПМНЕ најавува илјадници амандмани за да го спречи носењето на Законот, но атмосферата во собраниската сала уште повеќе е можно да вжешти неусогласеноста на коалициските партнери Ковачевски-Таравари.

Министерот за правда, Кренар Лога, кој е предлагач на законот инсистира за носење на законското решение во скратена постапка, на што, отворено се спротивстави неговата заменичка од редовите на СДСМ, Викторија Аврамовска Мадиќ. Таа најави дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе амандмани со кои ќе се оневозможи амнестија на осудените за убиствата кај Смилковското Езеро.

„Од затвор нема да излегуваат академици, туку осудени за кривични дела. Но, нема да биде амнестиран ниту еден избран и именуван функционер“, кажа министерот за правда, Кренар Лога крајот на септември.

— реклама —

Ова, е едно од големите ветувања на Алијанса, кога влезе во Владата. А носењето на Законот го правдаат со растеретување на затворите, што е покритие за ослободување на осудените и во овој случај.

— реклама —

„Скопје1“ дознава дека трите албански опозициски партии кои застанаа зад овој закон веќе планираат да одржат и прес-конференција, доколку СДСМ не застане зад законот. Се очекува да има жесток одговор доколку им ги изневерат очекувањата – особено во предизборниов период. Добро информирани извори, велат дека е дури и можно да се доведе во прашање и владиното мнозинство.

Со Законот за амнестија се предлага целосно ослободување на лицата на кои им е изречена казна затвор до шест месеци, а за осудениците кои со правосилна пресуда се осудени на казна затвор поголема од шест месеци, се предлага ослободување од издржувањето на 30 отсто од целокупната казна.

— реклама —

Законот за амнестија не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право. Амнестијата нема да важи ниту за кривичните дела разбојништво, разбојничка кражба, измама на штета на средствата на Европската Унија, перење пари и други приноси од казниво дело, злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, примање поткуп, давање поткуп, давање награда за противзаконито влијание и за примање награда за противзаконито влијание...

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања