Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Се одбројуваат деновите до штрајкот на просветните работници - Адеми денеска ќе се сретне со претставници на СОНК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
skolo-4

Министерот за образование Арбер Адеми денеска ќе има средба со претставници на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), откако во саботата најави историско покачување на платите во образованието и изрази оптимизам дека нема да дојде до штрајк на наставниците, бидејќи, како што рече Министерството и Владата нудат решенија.

— реклама —

Средбата ќе се одржи во просториите на Министерството за образование, а таа доаѓа откако викендов Адеми најави дека во текот на оваа недела ќе ги покани претставниците на СОНК, кои најавија штајк за 11 ноември.

— реклама —

Советот на СОНК в петокот едногласно донесе одлука дека не го прифаќа предлогот на МОН и Владата за зголемување на платите во дејноста образование и наука за 10 отсто, почнувајќи од април 2020 година. Претседателот на СОНК Јаким Неделков тогаш на прес-конференција рече дека своите интереси ќе ги бранат со штрајк што се предвидува за 11 ноември годинава.

— реклама —

СОНК бара предвиденото зголемување да не почнува од април 2020 година, туку од 1 јануари 2020 година, а исто така предлага и понудените 10 отсто да бидат предмет на договарање, односно, како што рече Неделков, да се понуди поголемо зголемување.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања