Се одржа едукативната тура „По стапките на ослободителите“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Во чест на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје денеска се одржа бесплатна едукативна тура „По стапките на ослободителите“, во која граѓаните имаа можност да се запознаат со клучните настани и локации поврзани со ослободувањето на градот пред 74 години.

— реклама —

Збирното место за учесниците во турата беше напладне, пред Музејот на илегалните работилници за оружје, на кејот на реката Вардар, a низ историските настани поврзани со ослободувањето на Скопје граѓаните ги водеше Бобан Ѓорѓиевски, професор по историја во СУГС „Кочо Рацин“. Присутните граѓани имаа можност да го разгледаат музејот сместен во некогашната работилница на електромеханичарот Серафим Видовски каде што е формирана првата илегална работилница за оружје во градот, а која работела од почетокот на август до 4 декември 1941 година, и да дискутираат за значењето на овој објект, за изложените експонати и за идејата за слобода.

— реклама —

— реклама —

Турата продолжи пеш кон Споменикот на деветте стрелани скопјани кај Камениот мост и кон плоштадот „Македонија“ каде што граѓаните дознаа нешто повеќе за улогата на плоштадот на денот 13 Ноември и спонтаната народна веселба што се одржала по ослободувањето на Скопје, а на која присуствувале главните чинители на ослободувањето и членови на президиумот на АСНОМ.

Едукативната тура заврши пред Споменикот на ослободителите пред Владата на Република Македонија каде што се говореше за настаните поврзани со заземањето на некогашната Женска гимназија.

Иста ваква тура ќе се одржи и утре со почеток во 12 часот, пред Музејот на илегалните работилници за оружје (зад Археолошкиот музеј, на кејот на Вардар), по истата рута, а во понеделник и во вторник, едукативната тура Градот Скопје ќе ја организира и за учениците од градските средни училишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања