Промени тема
Контакт

Се одржа концерт по повод големиот христијански празник Св. Климент Охридски (летен)

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
P1015558

Во црквата Св. Софија, вечерва се одржа концерт на оперска пејачка – сопран Илина Митревска во пијано придружба на проф. Дарко Мариновски во чест на празникот Св. Климент Охридски. Присутните во име на Општина Охрид ги поздрави заменик градоначалникот Перчо Божиноски.

— реклама —

– Делата како плод на уметноста носат вистина чија вредност е силен одблесок, а нејзините дарови се врвните уметнички души. Пред нас е аманет тоа да го негуваме како духовна ризница на Македонија затоа што културата е нашиот белег и нашето опстојување. Токму тоа како Општина Охрид го докажуваме со организацијата на овој величествен оперски рецитал со Илина Митревска – сопран и пијано придружба: Дарко Мариновски. Во чест на летен Свети Климент Охридски во овој духовен храм на убавината ги соединуваме јазикот на музиката и моќта на зборот. Ме радува што вечерва гледам искрен ентузијазам чувствувајќи колку многу си ја сакаме музиката и татковината. Да се препуштиме на нашите виртуози за кои не се сомневам дека има да допрат до нашите срца и што подлабоко да продрат во нашата душа, рече во своето обраќање заменик градоначалникот Божиноски.

— реклама —
— реклама —

Организатор на концертот е Општина Охрид, а се реализира со поддршка на Македонската православна црква.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library07sf0l2mrl9tb6DVj0Q

Џез под „Света Софија“: Почна четвртото издание на фестивалот во Охрид

Охрид | пред 2 дена

media-library4qk1s4mpve60eZClkmk

Четири вечери, различни музички изрази: Охрид џез фестивал од 27 до 30 август

ОО | пред 3 дена

media-libraryos1hb68q4st10IQTc3b

Стартуваше 39. Охридски пливачки маратон, Пецаков: „Мирни води на сите пливачи“

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryvuq2j0pptvmn8gtL1YY

Млади литературни творци од четири балкански земји се собраа во Охрид

ОО | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања