Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Се одржа Меѓународниот турнир со воздушно оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Strelacko_050823005

Во организација на Стрелачкиот клуб “Охрид” денес се одржа Меѓународниот турнир со воздушно оружје. Во име на Општина Охрид организаторите и учесниците ги поздрави советникот Наум Јамандиев и го прогласи турнирот за отворен.

— реклама —

– Денес сме на стрелиштето Бејбунар, за да присуствуваме на меѓународниот натпревар во стрелање со воздушно оружје со што докажуваме дека сме искрено посветени на охридскиот спорт.

— реклама —

Ги упатувам моите честитки до Стрелачкиот Клуб „Охрид“ и Македонската стрелачка федерација за успешното организирање на денешната спортска манифестација, во која сите ќе уживаме.

— реклама —

Ние како локална самоуправа, остануваме доследни на нашите заложби за континуирано помагање на спортот и спортистите. Верувам дека традиционалниот турнир по повод нашиот најголем празник Илинден, во иднина ќе расте и во квантитет и во квалитет и ќе изнедри квалитетни стрелци и Охрид ќе го направи центар на македонското спортско стрелаштво.

— реклама —

На сите натпреварувачи им посакувам врвни резултати и пријатен престој во Охрид, истакна во своето обраќање Јамандиев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarygml6k9g1j4q5fijxFUm

Општина Охрид потпиша меморандум за соработка во рамки на проектот „ReCircle Med“ во Марсеј, Франција

ОО | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryae1n4e3e7c5389Vvakq

ЈП „Охридски Комуналец“ во работна посета на Грција, разменети искуства за современо управување со отпад

ОО | пред 9 часа

media-library4njro2288env3PIfK1s

(Видео) По пожарот во Охрид: Едно лице на интензивна нега, седум на интерно – охридската болницата го удвои медицинскиот персонал

Македонија | пред 1 ден

media-library6lq0p0o6aee76ybbHto

(Фото) „Спречена е поголема катастрофа“ – охридските пожарникари за пожарот по кој осум лица завршија во болница

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања