Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Се одржа состанок за новиот сообраќаен режим на влезот од Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Охрид
Press_soobrakaj_12062023003

На иницијатива на градоначалникот Кирил Пецаков, денес, во просториите на Општина Охрид се одржа состанок поврзан со новиот сообраќаен режим на влезот од Охрид кај Подмоље. На состанокот присутни беа претставници на Хотам, угостителскиот еснаф, туроператори, туристички агенции, СВР Охрид и стручните служби при Општина Охрид.

— реклама —

Градоначалникот во своето излагање пред присутните ги посочи реакции на граѓаните и воопшто на сите засегнати од оваа одлука. Дополнително истакна дека е добро едногласно да испратат барање, односно замолница до Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт и врски за одложување на градежните работи на оваа делница и тие да продолжат од септември или октомври, имајќи предвид дека не се работи за последните километри од автопатот, па така градежните активности може да се пренасочат на други точки.

— реклама —

Ваквиот став на градоначалникот наиде на одобрување кај присутните и сите учесници освен претставниците на СВР Охрид, го потпишаа барањето кое ќе биде испратено до Владата и Министерството.

— реклама —

Во Барањето стои:

— реклама —

„ ДО:

Влада на Република Македонија

Министерство за транспорт и врски

Б А Р А Њ Е

Почитувани,

Согласно одржаниот состанок на ден 12.06.2023 година кој беше наменет за последиците кои што Охрид и регионот ќе ги трпат од новиот режим на сообраќај на влезот од Охрид кај Подмоље, односно пренасочувањето на сообраќајот по стариот локален пат Охрид – Струга едногласно произлезе заклучок дека ваквата состојба е погубна за Охрид и Охридскиот регион, бидејќи во моментов и периодот што следи Охрид ќе биде центар во Република Македонија. Во очи на почеток на летната туристичка сезона да се затвори главниот приод кон Охрид е погубна одлука бидејќи со тоа значајно ќе се намали бројот на гости кои што ќе престојуваат во Охрид, имајќи предвид дека тој пат води и до Охридскиот аеродром. Со ваквата одлука голем број на семејства чија главна егзистенција е туризмот, ќе останат без приходи. Тука исто така се создава проблем и кај хотелиерите бидејќи постои веројатност веќе закажаните резервации да ги откажат и тие да останат без приход. Имајќи предвид дека изминатите неколку години беа тешки години за туризмот и туристичките работници, ова би значело крах на туристичкиот сектор во Охрид, а воедно и во Република Македонија.

Покрај горенаведените причини, со пренасочувањето произлегува и дополнителен проблем кој е од хуман и здравствен аспект. Преоптоварувањето на стариот локален пат Охрид – Струга, создава проблем и за возилата за специјална намена брза помош, полиција и противпожарни возила.

Знаејќи дека токму на тој пат е лоцирана Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ која што е регионална, понатака создава проблем кај родителите кои своите деца мора да ги носат за терапија или итни прегледи на Детското одделение во Општата болница во Струга. Исто така се создава проблем и за ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид, каде за успешно лекување на пациентите потребна е брза реакција.

Од сето горенаведено заеднички испраќаме БАРАЊЕ до Владата на Република Македонија и до Министерството за транспорт и врски, градежните зафати на овој потег да ги одложат за септември. До ова барање се дојде имајќи предвид дека не станува збор за последни километри за изградба од автопатската делница, па така градежните активности може да се насочат на друга точка, а од септември да продолжат на оваа.

Со надеж дека ќе излезете во пресрет на нашето барање.

Наведените точки се повеќе од доволни за Министерството за транспорт и врски да ги одложи градежните активности и тие да продолжат од септември, а сега да се врати нормалното функционирање на влезот во Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym6q2tkg92krv5HM1s5T

Диви депонии низ Охрид: Камери, казни и нови мерки во најава

Охрид | пред 5 дена

media-librarydqjqh0dult3r9QFfhty

Охридската полиција со засилени контроли: Малолетници возеле без дозвола, одземени им се возилата, ќе има и кривични

Охрид | пред 5 дена

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 седмица

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања