Промени тема
Контакт

Се одржа второто издание на Етно фестивалот Охрид 2023

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
processed-2b3111aa-77f6-4bae-8b85-89e8ab07d177_88W2s3Dc

Синоќа пред платото на НУ „Григор Прличев“ се одржа второто издание на Етно фестивалот Охрид 2023. На овогодинешниот фестивал концертна промоција одржа Александар Јовевски за албумот „Од колено на колено“.

— реклама —

Заменик градоначалникот Перчо Божиноски, во име на градоначалникот го прогласи за отворен овогодинешниот фестивал.

— реклама —
— реклама —

– Ми причинува задоволство што вечерва ја имам можноста да ги поздравам присутните на второто издание на „Етно фестивалот Охрид 2023“. Етно фестивалот, која на еден волшебен начин прави спој на минатото и сегашноста, веќе полека прераснува во убава традиција, која не навраќа во низ времето презентирајќи ги вредностите, традициите и обичаите. Тука би сакал од името на градоначалникот Кирил Пецаков, да ги пренесам срдечните поздрави и честитки до сите инволвирани во организацијата на овој фестивал, и до главниот виновник за овој настан – здружението „Арт пријатели“ од Охрид. Токму преку вакви луѓе – ентузијасти, изгубените вредности, во денешното модерно живеење добиваат повторна значајност. Дотолку задоволството е поголемо што оваа вечер ќе имаме можност да бидеме дел од промоцијата на албумот „Од колено на колено“ од нашиот виртуоз Александар Јовевски. И кое место би било по соодветно за ваква концертната промоција, ако не Охрид, град во кој низ минатото се испрепретувале цивилизациите, градот на писменоста, градот на светлината. Затоа вечерва нека заблеска овој настан и нека се всади во историјата како ѕвезда во небесен свод, рече во своето обраќање Божиноски.

— реклама —

Фестивалот е во организација на здружението „АРТ пријатели“ од Охрид, а се реализира со поддршка на Општина Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања