Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Се огласи човекот на Путин: „Барањата остануваат исти“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarya1be4hmuknmef73E93U
Russian Foreign Ministry's official account

Москва не го заострила ставот за решавањето на украинскиот конфликт и нејзините барања остануваат непроменети, изјави помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, пренесе „Интерфакс“.

— реклама —

„Би рекол дека барањата остануваат исти, немаше никакво заострување. Едноставно би сакале тие барања порано или подоцна да бидат исполнети, а по можност што е можно поскоро“, изјави Ушаков.

— реклама —

Тој додаде дека Москва се надева оти тековниот процес за решавање на конфликтот во Украина порано или подоцна ќе даде позитивен резултат. Според него, договорите постигнати на средбата меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Енкориџ, на Алјаска, и натаму се суштината на мировниот процес.

— реклама —

Одговарајќи на прашањето дали американската страна го коментира недостигот од напредок во спроведувањето на договорите од средбата на Алјаска и дали тоа значи дека преговорите се враќаат на почетокот, Ушаков рече дека тоа не е случај.

„Не почнуваме од нула. Тоа е суштината на процесот, кој, се разбира, е долготраен, но и сложен“, заклучи тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Русија ја исклучува Европа од преговорите за Украина: „Можат да дојдат ако си купат билети“

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри

Свет | пред 10 часа

media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Русија: Кина плаќа повеќе за течен гас отколку за рускиот природен гас

Свет | пред 13 часа

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Голем енергетски договор на повидок: Москва и Техеран преговараат за испорака на руски гас

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања