„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Се огласи д-р Софијанова: Ниту еден денар немам земено надвор од мојата работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
sofijanova-1

По вчерашната драма на Детската клиника во рамки на Клиничкиот центар мајка Тереза, кога новинарот Фуркан Салиу ја обвини д-р. Аспазија Софијанова дека земала повеќе пари за дежурства отколку што и е основицата на плата, на социјалните мрежи се огласи докторката

— реклама —

Таа тврди дека не земала ниту денар повеќе надвор од нејзината работа.

„Почитувани пријатели и сите останати,

— реклама —

Сакам на почетокот да изразам жалење за тоа што во текот на вчерашниот ден и начинот на кој се одвиваше комуникацијата во јавност.

Секогаш и во секоја прилика во мојата долгогодишна кариера сум била, се уште сум и ќе останам транспарентна за новинарите. Во текот на вчерашниот ден после 24 часовно дежурство, после предавање на студенти и одржани вежби, добив барање од новинарот Фуркан Салиу да разговара на тема за децата со Цистична фиброза. Го поканив и разговорот наместо најавената тема се претвори во настанот кој за жал веќе го видовте вчера во кој реагирав бурно на сосема неточни обвинувања кон мене за месечните примања.

Ниту еден денар немам земено надвор од мојата работа, работам само на Клиниката за детски болести и јикаде на друго место. Начинот на пресметка на дежурства е утрвден со соодветен правен акт и истиот се почитува до детал. И, на крај никогаш мојата плата не била 300.000 илјади денари, никогаш.

Клиниката е мојот дом ова го знаете многу добро повеќето од вас, мојата вчерашна реакција беше поттикната од шокираноста на обвинувањата за моите дежурства на одделот за интензивна, за сите тешки случаи со дечиња на интензивна, и сите останати одделенија. На секој утрински репорт стои моето име за секоја посериозна одлука, а одлуките знаете станува збор за живот и здравје на дечиња. Тие се мојот приоритет, јас работам и кога не сум физички присутна достапна сум 24/7 и тоа го имам прифатено како животен стил бидејќи тоа е тоа што го знам најдобро во интерес на сите мои и наши пациенти.

Останувам транспаретна и достапна за сите информации.

Искрено ваша

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања