По веста која ја објави „Скопје1“ дека пејачката Елена Ристеска била претепана во клубот „Интермецо“, таа побара поддршка. Посочува дека пријавила и поднесена е кривична пријава.
„Чувствувам должност и почит спрема целата јавност и новинарите да ви се обратам околу натписите каде се споменува моето име. Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас бидејќи ова ми се случи без причина и повод. Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка. После 21година кариера, градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име. И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови“, пишува Ристеска.
Претходно..
Елена Ристеска натепана во ноќен клуб во Скопје
Пејачката Елена Ристеска била натепана во ноќниот клуб “Интермецо”, дознава “Скопје1”. Засега типот на повредите не е познат, а сѐ се случувало два часа по полноќ.Ристеска била нападната од женско лице, потврдуваат од МВР за “Скопје1”.“Се работи за расчистување на случајот”, велат од МВР.Неофицијално, пејачката била удрена со тврд предмет.
Скопје | пред 2 години