Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Се огласи евровизиската победничка Руслана по нападот на Русија врз Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Web-capture_24-2-2022_124525_www.24sata.hr_

Украинската пејачка Руслана Лужичко, која победи на Евросонг во 2004 година со песната „Див танц“, се огласи утринава по нападот на Русија врз нејзината земја Украина. Таа е сигурна дека светот ќе се обедини за Украина и дека ќе застане во нејзина одбрана.

„Дојде тоа утро. Треба да собереме сила и да сватиме дека почна војна против Украина. Знам дека светот ќе се обедини за Украина. Низ годините работевме на тоа современиот свет да ја одбере Украина како земја која низ вековите патеше од рускиот режим. Светот сочувтвува со нас и ќе ни помогне. Сите ќе делуваат за да се спречи војната. Сега најважно е да се знаат јасните дејствија на територијалната локална одбрана“, рече Руслана

— реклама —

„Пријатели, пишете ми приватно или тука. Потребни ни се официјални информации. Тоа е драгоцено време затоа што постои врска. Кога беа опасните акции во време на Мајден, единствено што ни помогна за да се спасиме беше координираната акција, јасна поделба на одговорноста и што е најважно превземањето на информации од службените извори или очевидци. Најважно сега е внатрешниот мир без емоции и паника. Слава на Украина. Господине, слушнете ги и примете ги моите молитви за Украина, мир и спокојство“, рече пејачката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања