„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Се огласија „Шверцерите“ на ФБ: Кога излеговме не забележавме никаква штета во МНТ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
shverceri-2

По скандалот кој се крена во јавноста по прославата на навивачката група „Шверцери“, се огласија навивачите  на својот профил на Фејсбук профил. Тие напишаа:

— реклама —

„Во врска со информациите кои се појавија во медиумите за некакво наше „дивеење“ при прославата на 30 години постоење на навивачката група „Шверцери“ мора да истакнеме дека е очигледна намерата да се оцрни оваа навивачка група со невистинити информации шпекулации.

Вистината е дека ние како организирана група влеговме во објектот каде беше закажано одбележувањето на јубилејот, при што беше прикажан краток документарен филм за оваа навивачка група како и доделени признаници на еминентни личности од фудбалската живот кои го дале својот допринос за нашиот клуб. Ние сме навивачи и навивањето а нашиот живот, нема друг начин на навивање од скандирање и пеење песни, тоа и го направивме таа вечер, без никакво дивеење, кршење, со ниту еден навредлив збор, а камо ли говор на омраза.

— реклама —

Ги пеевме нашите навивачки песни и ги скандиравме имињата на личностите кои добија признаници, како го скандиравме името на нашиот Неџмедин Мемеди така го скандиравме и името на Ѓоре Јовановски, на Арѓенд Беќири и Гого Јовчев и на сите други.

Како влеговме организирано така и организирано излеговме од објектот на театарот и при излез проверивме да не случајно е направена некоја штета, но не забележавме ништо такво.

Ова е вистината и сите други информации се само во правец на оцрнување на нашата навивачка група и шпекулирање со вистината.

Направивме се да бидеме добри гости на и нашиот театар“, напишаа „Шверцерите“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања