Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Се отвора центар за талентирани ученици од Центар, Карпош и Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје


— реклама —

Центар за талентирани ученици се отвора денеска во ОУ „ Димитар Миладинов“ во Општина Центар. Станува збор за меѓуопштинска соработка меѓу Општина Центар, Карпош и Кисела Вода.

— реклама —


— реклама —

Центарот располага со површина од 120м2, и вклучува три посебни простории и тоалет, опрема за планетариум и физика, био-хемиска лабораторија и лабораторија за уметности. Просторот е со посебен влез, физички одвоен од влезот во училиштето. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски истакна дека оваа меѓуопштинска соработка може да биде корисна и перспективна за талентираните ученици од сите три општини.


„Центарот за работа со талентирани ученици е идеја, која подолго време ја чека своја реализација во Општина Центар. И навистина ме радува што оваа меѓу општинска соработка, оваа активност може да биде навистина корисна и перспективна за талентираните ученици од сите три општини. Мене ми е навистина мило што Општина Центар и општините Карпош и Кисела Вода се водечки општини во формирање на ваков Центар односно катче за нашите талентирани ученици да го развиваат и надградуваат својот талент. Верувам дека овде учениците ќе поминуваат убаво и квалитетно време, ќе се градат и развиваат и достојно ќе ги претставуваат нашите општини и државата на меѓународните натпревари. Ви посакувам убава дружба, личен развој и успешни кариери“, им порача Герасимовски на учениците.


Овој Центар за талентирани ученици е прв центар во главниот град и има исклучително значење за талентираните ученици, кои немаат катче, каде можат својот талент, знаење и способности да ги развиваат и усовршуваат. Во ова катче учениците ќе работат со своите наставници, трошоците за редовните комуналии за просторот (вода и интернет), струјата и парното ќе ги подмирува училиштето, а материјалните трошоци ќе ги покриваат сите три општини заедно. Центарот за талентирани ученици ќе влезе и во креирањето на општинските буџети со цел талентираните ученици да го градат и развиваат својот талент и во наредните години. Општина Центар исто така обезбедува и одговорно лице кое ќе се грижи за Центарот за истиот да им служи уште долги години на учениците кои поседуваат одреден талент.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања