Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Се отвораат угостителските објекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Според одлуката на Владата, од денеска е д дозволено отворање на угостителските објекти. Но, засега ќе можат да работат само отворените делови од кафулињата и рестораните и тоа до 22 часот, со ограничување на бројот на гости и почитување на здравствените протоколи.

Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат  хигиена на раце, а се ограничува и бројот на гости, односно ќе се  послужуваат само гости кои може да седат или лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки, односно не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.

— реклама —

Протоколот наведува дека е задолжително менаџирање на влегувањето на гостите за кое е потребно да се определи одговорно лице.

— реклама —

На отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци, а на една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица, додека на една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.

— реклама —

Протоколот дозволува максимален број од 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1.5 метри.

Задолжително е поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса, како и засилени внатрешни контроли на вработените лица за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна од страна на одговорно лице.

Се наложуваат засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса, а на крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Протоколот утврдува дека е задолжително редовно одржување на тоалетите со водење на евиденција за спроведеното чистење и со употреба на наведените дезинфекциони средства.

Во тоалетите е забрането користење на сушачи за раце, а задолжително е користењето на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

Во оваа фаза протоколот забранува организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.)

Мерките на Владата за задолжително носење маски на затворен јавен простор и на отворено доколку не е можно да се постигне физичко растојание од два метра остануваат на сила. Вчера беше укинат полицискиот час, воведен за спречување на ширењето на ковид-19.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања