Се поизвесно дека ќе има ново поскапување на струјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
bislimovski1

Од 1. јануари ќе има нова цена на струјата. Она што е познато дека ДДВ-то од 5% ќе се врати на 10%, што значи дека сметките ќе бидат повисоки по овој основ. Меѓутоа првиот човек на РКЕ Марко Бислимовски вели дека е можно дополнително да поскапи, поради тоа што цената на струјата на берзите е екстремно висока.

— реклама —

„Да видиме по која цена ЕСМ ќе понуди на ЕВН хоме. Во моментов таа цена е 48 евра за мегават час, која е далеку пониска отколку што е реалната цена на ЕСМ. Понатаму, треба да видиме колку ќе бидат трошоците за загуби на електрична енергија, односно цената која што ќе се понуди на тендерите кои што ги распишаа МЕПСО и ЕСМ. Доколку на тие тендери има екстремно високи цени, што е многу веројатно бидејќи цената на КУПЕКС во моментов е над 400 евра за мегават час. Ќе видиме дали тогаш ќе има потреба повторно ЕСМ да дава далеку пониска цена за загубите отколку таа што би била на слободниот пазар на електрична енергија. Кога ќе ги имаме резултатите од овие 3 тендера кои горе долу ќе завршат во ист период, тогаш компаниите ќе достават барања до РКЕ и врз база на тие трошоци кои што ги имаат ние ќе донесеме соодветна одлука“ – рече Бислимовски.

— реклама —

Тендерите треба да завршат во наредните денови, а РКЕ е должна пред 1 јануари да ја соопшти новата цена.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања