Се поставуваат нови пешачки семафори на булеварот Христијан Тодоровски Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
Postavuvanje-semafori-HT-Karpos-2

Со цел решавање на долгогодишниот проблем на жителите, деновиве се поставуваат нови пешачки семафори на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, наспроти паркот во Чаир. Овие семафори се поставуваат на барање на граѓаните, бидејќи на оваа локација во минатото се случија поголем број сообраќајни незгоди.

— реклама —

Тука за првпат се поставуваат пешачки семафори и со нив ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а пред се на пешаците.

— реклама —

Поставувањето на семафорите, доколку дозволат временските услови, треба целосно да заврши во текот на наредната недела, а нивното пуштање ќе се реализира по целосното завршување на административните постапки со ЕВН и поставувањето на сите потребни електрични инсталации и броила.

— реклама —

Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ во континуитет работат на одржување на постојната и поставување нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, за да се зголеми безбедноста во сообраќајот за сите учесници. Изминатиов период, на барање на граѓаните, семафори беа поставени на крстосницата кај „Реплек“ во населбата Козле, на улицата Борис Сарафов во Ѓорче Петров, на булевар Србија (кај полициската станица), а посебни тастери со кој пешаците ќе можат да го активираат вклучувањето на зеленото светло и со тоа побезбедно да го поминат пешачкиот премин се поставени на семафори на повеќе локации во градот

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања