Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Се потрошија над 100 милиони евра народни пари и денес, Скопје е со блокирана сметка и е пред банкрот, вели Божиновска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2023-05-22-124446

Хаосот и економската катастрофа што му се случуваат на Град Скопје се директна последица од неодговорноста и неспособноста на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, вели Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје

„ВМРО-ДПМНЕ го има претседателот на Советот, мнозинството во Советот и мнозинството во управните и надзорните одбори на скопските јавни претпријатија.

— реклама —

Се потрошија над 100 милиони евра народни пари и денес, Скопје е со блокирана сметка и е пред банкрот а ВМРО-ДПМНЕ мува не ги лази поради таквата состојба.

И ова не е најстрашното што може да му се случи на Скопје, ако дојде до банкрот тоа ќе значи целосен распад на системот на Градот.

— реклама —

Банкрот ќе доведе до нефункционални институции, уште полоши услуги за граѓаните и штрајкови и протести на градската администрација.

— реклама —

Советот на Град Скопје мора да одржи вонредна седница на која ќе се расправа за актуелната финансиска состојба на градот.

Сите предуслови за одржување на таква седница се исполнети и претседателот на Советот, Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ мора да ја закаже седницата.

— реклама —

Хаосот во градот кулминира а жителите на Скопје со право се лути и разочарани.

ВМРО-ДПМНЕ повторно му приредува нова катастрофа на главниот град“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања