Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Се повеќе љубоморни партнери ставаат тракери во автомобили за да видат кај одат, тоа не е бондовски туку кривично дело, алармира Ина Многуфина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Коментари
media-libraryeqroegr0q76tbkSg3L0

Инфлуенсерката и критичарка која пишува под псевдонимот Ина Многуфина предупредува за појава која, според неа, сè почесто се случува во токсични партнерски односи – тајно поставување тракери во автомобилите на партнерите.

— реклама —

Во објава на социјалните мрежи таа наведува дека некои партнери, најчесто од љубомора и недоверба, нарачуваат уреди за следење и ги поставуваат во возилата за да проверат каде се движи нивниот партнер.

„Има сега една појава што има земено сериозен замав, а тоа е партнери, најчесто во некој токсичен однос, нарачуваат тракери и им ставаат на партнерите по колите да видат кај одат. Колку и да им делува тоа бондовски во нивните несигурни глави кои сакаат да докажуваат дека се попаметни од партнерот во кој се сомневаат, вистината е дека се сериозно глупи, несигурни и немаат контрола врз себе. Да не беа глупи ќе знаеја дека тоа е кривично дело за кое се добива и до три години и колку и да мислат дека можат да се скријат, на компјутерски криминал им треба многу малце време да најдат со кој уред е поврзан тракерот. Тракерите ги ставаат најчесто во резервната гума или по места кои не често ги проверувате во колата. Доколку најдете нешто такво нема никаква потреба да ги прашувате зошто или како, одете и пријавете во полиција. Колку побрзо се тргнете од таков токсичен лик толку подобро за вас“, напиша Ина.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryn9e2f7sm35r87augdOq

Уапсен е кумановец, долго време следел и вознемирувал девојка

Македонија | пред 5 месеци

272109577_623859878706880_6634828297889568570_n

Службите следеле политичари и новинари, а не криминални групи што планирале ликвидации, коментира Туфегџиќ

Коментари | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања