Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Се предлагаат измени за полицискиот час, во викенд од 13:00 до 5:00, а преку недела од 19:00 до 5:00

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека постои план за олабавување на рестриктивните мерки. Според министерот анализите покажале дека се создадени услови за благо ублажување на рестрикциите за движење на сметка на мерките за лична заштита.

Согласно тоа се предлагаат измени на полицискиот час, кој треба да важи секој ден од 19 часот, место од 16 часот како досега. За возрасните да се продолжи времето за излегување од 8 до 12 место од 10 до 12, а полицискиот час во викендот да почне во сабота во 13 часот и да трае до понеделник наутро, во 5 часот…

— реклама —

Се воведуваат паралелно нови мерки за лична заштита – маски во затворени објекти, а  на отворено ако не може да се одржи дистанцата од два метри, односно таа ќе стане задолжителна во самопослуги, банки, аптеки…

Сите други мерки за носење на заштитна опрема, дистанца од два метри, да не се собираат повеќе од двајца во група остануваат на сила, истакна Филипче.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања