Промени тема
Контакт

Се претставувал како министер и обвинител и земал 1,5 милион денари - нова истрага за измама во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Јавното обвинителство Скопје поведе истрага против едно лице поради сомнение за продолжено кривично дело „Изнуда“. Осомничениот, во периодот од 15 до 28 јули 2025 година, успеал да извлече околу 1,5 милион денари од едно лице, претставувајќи се како министер за внатрешни работи и тројца јавни обвинители.

Според истрагата, осомничениот со сериозна закана уверувал дека против оштетениот ќе биде поведена судска постапка доколку не ја исплати бараната сума. Тој во повеќе наврати се јавувал од различни телефонски броеви и барал парични средства со ветување дека оштетениот ќе биде изземен од обвинение.

— реклама —

Оштетеното лице, исплашено од заканите, во четири наврати на различни локации во Скопје му предало на осомничениот вкупно околу 1,5 милион денари.

— реклама —

По преземени мерки, Обвинителството заклучи дека се работи за изнуда, а не за измама, бидејќи биле користени закани и притисоци за да се нанесе имотна штета. За делото е предвидена затворска казна од најмалку една година, со можност и за изрекување законски максимум.

— реклама —

До Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања