Промени тема
Контакт

(Видео) Се преврте чамец со туристи кај Алкатраз: Еден загинат, двајца исчезнати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryp6rnalf07tt3fzZNl1d
Илустрација

Еден човек загина, а две лица се водат како исчезнати откако туристички чамец со 19 патници се преврте во близина на островот Алкатраз во заливот на Сан Франциско.

Според американските власти, 13 патници безбедно стигнале до брегот, додека тројца биле пренесени во болница. Еден од повредените починал и покрај обидите за реанимација.

Во потрагата по исчезнатите учествуваат 11 пловила, како и Американската крајбрежна стража и други спасувачки служби.

— реклама —

Началникот на противпожарната служба во Сан Франциско, Дин Криспен, изјави дека причината за несреќата сè уште не е позната, додавајќи дека, спротивно на првичните информации, на чамецот немало пожар.

Иако времето било сончево и стабилно, источните морски струи создале силни бранови во заливот, што можеби придонело за несреќата.

— реклама —

Островот Алкатраз е една од најпознатите туристички атракции во САД. Некогашниот федерален затвор, кој функционирал од 1934 до 1963 година, денес е национално историско обележје што годишно го посетуваат илјадници туристи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

alkatraz

Никој никогаш не избегал од Алкатраз, вели Трамп; Еве ја приказната за оние кои избегале

Свет | пред 1 година

alkatraz

Трамп нареди повторно да се отвори озлогласениот затвор „Алкатраз“

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања