Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Се продаваат хотелите „Бристол“ и „Јадран“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryp8coou7uc2bh9ONmbps

„Македонијатурист“ започнува продажба на дел од својот недвижен имот во Скопје, откако Собранието на акционери на седницата одржана на 22 мај дало согласност за отуѓување на хотелите „Хотел Бристол“ и „Хотел Јадран“, познат како Арапска куќа.

— реклама —

Одлуката била објавена преку Македонска берза, а покрај хотелите ќе се продаваат и станови на улицата Максим Горки, како и деловниот простор „Пивница“.

Во соопштението се наведува дека претседателот на Управниот одбор е овластен да ги потпише купопродажните договори, а продажната цена ќе биде утврдена од овластен проценител.

— реклама —

Истовремено, акционерите одобриле и купување на парцела од 8.081 метар квадратен во населбата Реонски центар во Општина Аеродром, на улицата Г. Константиновиќ, за сума од 17,7 милиони евра.

— реклама —

Од компанијата информираат дека парцелата има градежна маркица за станбено-деловен објект, а идниот простор ќе биде наменет за продажба и издавање по изградбата.

Од Македонијатурист оценуваат дека инвестицијата ќе придонесе за дополнително зголемување на приходите во иднина.

— реклама —

Компанијата во своето портфолио ги има и „Хотел Белви“, „Бест Вестерн Хотел Турист“, „Хотел Карпош“ и „Холидеј ин“, кои продолжуваат со редовна работа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања