Промени тема
Контакт

Се продолжува мерката со која дополнителните количини на електрична енергија во износ од 160 МW ќе се обезбедат од домашно производство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Dalekovod_Pari

Владата ја разгледа и Информацијата во врска со Планот за производство на АД „Електрани на Северна Македонија“ во државна сопственост за период од 1-15 април 2022 година.

— реклама —

Донесена е одлука за продолжување на мерката со која дополнителните количини на електрична енергија во износ од 160 МW ќе се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 00:00 часот наутро до 24:00 часот со полна моќност, во периодот од 1 април 2022 година до 15 април 2022 година.

— реклама —
— реклама —

Согласно оваа мерка, АД „Електрани на Северна Македонија” - Скопје ќе ја откупува целокупната произведена електричната енергија на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, согласно правата и обврските меѓусебно утврдени со склучен Договор за купопродажба на електричната енергија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања