Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Се продолжува притворот за тетовец кој пијан истепал полицајци на Голема Богородица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pretepan

Тетовското основно јавно обвинителство поднесе предлог за продолжување на мерката притвор против тетовец, за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

— реклама —

На 28 август, во комплексот на манастирот Св. Богородица и Св. Атанасиј во село Лешок, осомничениот нападнал службени лица кои вршеле работи од јавна безбедност при што им нанел повреди.

— реклама —

Нападот следел откако по настаната тепачка меѓу посетители на манастирот, меѓу кои бил и осомничениот, полицајците интервенирале со раздвојување на учесниците во тепачката и нивно приведување.

— реклама —

Во тој момент осомничениот се дал во бегство, а по него тргнале полициските службеници. Откако го стигнале, осомничениот видно под дејство на алкохол, продолжил да го нарушува јавниот ред и мир.

— реклама —

Тој давал активен отпор при обидот на полицијата да го тргне од местото на настанот за да ја стават ситуацијата под контрола, при што ги навредувал, се заканувал, ги удирал и им нанел телесни повреди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања