Исмет Гури, истакнат активист на ДУИ, за кого се шпекулираше дека преминал кај „огнените“, а по кого беше распишана меѓународна потерница, во текот на денешниот ден самиот се пријавил на полиција и веќе е во затвор, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Гури беше во затворскиот притвор, а потоа му беше одреден домашен притвор поради здравствени проблеми. Минатата година беше уапсен заедно со 15 лица меѓу кои и бизнисмени и инспектори од Управата за јавни приходи, под сомнение за слосторничко здружување и даночна измама.
Против Гури беше распишана меѓународна потерница од МВР поради тоа што избега од куќен притвор на почетокот од оваа година. Гури не бил пронајден на адресата на која требало да издржува куќен притвор. Бегството се случило откако Обвинителството по жалба побарало куќниот притвор да му се преиначи во ефективен притвор во Шутка, по што му бил доделен, но кога полицијата отишла да го спроведе, него го немало.
Против Исмет Гури, заедно со Ејуп Алими, се водеше и случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал, во кој Судот по повтореното судење минатата година им изрече неправосилни затворски казни од по три години и шест месеци.
Гури од ДУИ побрз со бегството од судот со одлуката – полицијата тргнала да го врати зад решетки
Функционерот на ДУИ, Исмет Гури, избегал во моментите кога полицајците требало да го вратат во затворот „Скопје“ во Шутка, дознава „Скопје1“. Тој осум дена беше во домашен притвор определен од судија на претходна постапка. „Скопје1“ од судски извори дознава дека вчера било донесено решение од Кривичен совет со кое Гури требало да биде одново вратен во истражниот затвор, а на него веќе му се губи секоја трага.Судијата на претходна постапка од Кривичен суд го извади Гури од истражниот затвор три д
Македонија | пред 2 години
Распишана потерница по Исмет Гури од ДУИ, кој избега од домашен притвор
По Исмет Гури од ДУИ е распишана потерница, потврдува за „Скопје1“, обвинителката Ивана Трајчева која го сомничи дека е дел од организирана шема за правење даночна измама. Потерницата е доставена од Кривичен суд до МВР, по што е почната потрагата по Гури.„Распишана е потерница“, вели обвинителката Трајчева за „Скопје1“.Како што објавивме полициски службеници од полициската станица „Бит Пазар“ при контрола, не го нашле Гури на адресата каде издржува домашен притвор.„Скопје1“ побара информации од
Македонија | пред 2 години