Обвинителството проверува дали возачите на комбето и автомобилот кои се судрија на патот Битола-Демир Хисар, биле под дејство на дроги или алкохол. Бидејќи има загинато лице, обвинител се вклучи во расчистување на случајот и утврдување на вина.
„Во врска со сообраќајната несреќа кај Битола, јавен обвинител од ОЈО Битола изврши увид на лице место заедно со вешто лице. Издадени се наредби за прибирање на траги од лице место и проверка на крв и урина на возачите. Се постапува за расчистување на причините за несреќата“, велат од Обвинителството.
Маж на возраст од 42 години го загуби животот во несреќата на патот Битола-Демир Хисар, каде се судрија патничко комбе и автомобил „пежо“. Од МВР посочуваат дека комбето превезувало работници. Загинатиот бил совозач во автомобилот. Несреќата се случила неколку минути пред 15 часот.
42-години има загинатиот - МВР со детали за несреќата кај Битола
Маж на возраст од 42 години го загуби животот во несреќата на патот Битола-Демир Хисар, каде се судрија патничко комбе и автомобил „пежо“. Од МВР посочуваат дека комбето превезувало работници. Загинатиот бил совозач во автомобилот. Несреќата се случила неколку минути пред 15 часот.„...Кај надвозникот случена е сообраќајна несреќа помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки управувано од А.С.(25) од с.Вирово, демирхисарско кое пренесувало 18 работници од битолска фабрика и патничко возило „пежо" со битолски регистарски ознаки управувано од К.Ј.(36) од Битола. Во несреќата на лице место починал совозачот на патничкото возило К.К.(42) од Битола“, велат од МВР.Сите 18 патници од комбето и возачот на комбето како и возачот на патничкото моторно возило се пренесени во Клиничка болница Битола за санирање на повредите. Ниту едно лице не е хоспитализирано.Од 17,55 часот сообраќајот е пуштен за сите видови на возила, увидот е завршен.
Македонија | пред 2 години